Ковид-центри: 883 пациенти и 450 празни болнички кревети

од Nikola Popovski
222 прегледи

Министерството за здравство објави дека во болниците низ земјава се лекуваат 883 пациенти и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 504 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 59, во ковид-центарот во Гостивар 25, а во Струга 31 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 56 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 12, Кавадарци 26, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Слични содржини