147
Во изминатите 24 часа, во Србија 1.787 лица биле заразени со коронавирус, при што починале 35 граѓани, соопшти тамошното Министерство за здравство. 229 пациенти се приклучени на респиратори, а тестирани се вкупно 8.845 лица.
Најголем број на новоинфицирани има во Белград – 545.
Претходниот ден, 2.882 лица биле заразени со коронавирус, а 39 лица починале.