Нов земјотрес ја погоди Хрватска: „Траеше околу 10 секунди“

од Nikola Popovski
229 прегледи

Околу 18:25 часот, нов земјотрес ја потресе Хрватска. Според податоците на „ЕМСЦ“, јачината на земјотресот била 3,5, а епицентарот бил на 4 километри југозападно од градот Сисак.

Како што дознаваат хрватските медиуми од локалното население, земјотресот бил доста силен и траел околу десет секунди.

Да потсетиме, во областа Петриња денес се почувствуваа уште два земјотреси со среден интензитет – едниот со јачина од 3,8 степени по Рихтер, а другиот со јачина од 3,3 степени.

Слични содржини