Германската фармацевтска компанија „CureVac“ го регистрираше „Баер“ како партнер за својата експериментална вакцина против Ковид-19, која сега е целосен проект на Германија и во моментов е во крајната фаза на клинички испитувања.
Овој потег сведочи за напорите на Германија да произведе домашна вакцина, откако локалниот ривал Бионтек се здружи со американскиот производител на лекови „Фајзер“ за производство на вакцината, која веќе се користи, објави Ројтерс.
„Баер“ ќе ја обезбеди својата експертиза и ќе воспостави инфраструктура во области како што се клинички операции, регулаторни работи, медицински информации, перформанси на синџирот на снабдување и поддршка во избрани земји.
Портпаролот на „Баер“ изјави дека засега тие ќе имаат улога во поддршката на производството и дека во текот на првиот квартал ќе одлучат дали ќе произведат вакцина за „CureVac“.
Минатиот месец, „CureVac“ започна клиничко испитување во доцната фаза на кандидатите за вакцина против коронавирус, што се потпира на истата технологија како и вакцините на Бионтек и Модерна.