Поп-sвездата Лејди Гага го прекина молкот на социјалните мрежи и се огласи доцна синоќа по повод упадот на приврзаниците на Трамп во зградата на Конгресот. .
„Се надевам дека ќе се фокусираме на повлекувањето на Трамп, така што Конгресот ќе има право да го дисквалификува од сите идни претседателски избори. Тој предизвика терор. Колку повеќе насилство треба да се случи? „Ова е тероризам“, напиша Гага на Твитер.
I hope we focus to impeach Trump so Congress has the constitutional authority to possibly disqualify him from future election—the #25thAmendment doesn’t disqualify him. He incited domestic terror—how much more violence needs to happen? This is terrorism.
— Lady Gaga (@ladygaga) January 8, 2021
Десетици приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на САД пред два дена за време на седницата на двата дома и привремено спречија законодавниот дом да ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден на претседателските избори. Откако полицијата ја заврши четиричасовната окупација Конгресот на САД од лутите приврзаници на Трамп, официјални лица го прогласија комплексот за безбеден.
Според американските власти, во инцидентот загинале четири лица.