Филипче: Стабилна е состојбата со вирусот, прекршувања на мерките не беа чести

од Берта Китинска
335 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче во однос на прекршувањето за време на пречесната на верниците низ храмовите смета дека прекршувањата не се значително големи ниту чести.

-Прилично се намалува бројот и на овие изминати денови има тренд на мал број на хоспитализирани пациенти ширум државата верувам дека вака ќе остане. Гледаме дека овие прекршувања на мерките не беа чести и не беа многу. Мислам дека сме во една навистина стабилна фаза во која добро се менаџираат и во делот на тестирање и болничкото сместување, вели Филипче.

Тој во однос на  за одлуката за затворањето на модуларната болница вели дека е попрактична и за лекарите, и за медицинските сестри.

„Здравствените услуги на интерните клиники не престанаа. Но се одвиваа физички во некои други делови од зградата. На некој начин медицинските сестри и лекарите не мораат да се ротираат и во модуларната болница. Оваа одлука беше попрактична и за лекарите, и за медицинските сестри“, рече Филипче.

Слични содржини