205
Вчера стигна писмото од КОВАКС дека можно е вакцината да стигне на крајот на јануари почетокот на февруари, ние веќе аплициравме да бидеме во првата група на земји во однос на спремноста за прием на вакцините, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
-Крајниот рок за поднесување апликација е 18 јануари. Според писмото станува збор за фајзеровата вакцина, а следната што доаѓа предвид е на “Астра Зенека“. Милион и двесте граѓани ќе бидат вакцинирани со ковид-вакцините, изјави Филипче.
Во однос на тоа колку дози вакцини би можеле всушност да очекуваме, тој рече дека би можеле да очекуваме по 800 илјади дози вакцини врз основа на три механизми.