Обвинителството треба да одлучи дали има кривично дело, рече министерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за министрите на ДУИ, и за прославата на роденденот на лидерот Али Ахмети во Министерството за политички систем.
„Казнети се сите тие кои беа на таа маса. Без разлика дали станува збор за функционери или други лица. Тоа покажува дека прописите и законите важат за сите “, рече Спасовски и додавајќи , Обвинителството треба да одлучи дали има кривично дело. Од аспект на прекршочна одговорност, сите добија казни. Се најави и вонреден инспекциски надзор. Мора сите да се однесуваме согласно прописите на Комисијиата за заразни болести“, рече Спасовски.
Министерството за внатрешни работи им испратило казнени налози за прекршување на мерката за носење маски во затворен простор на 15 функционери на ДУИ. Според информациите, вицепремиерот Артан Груби веќе ја примил казната и ја платил по електронски пат.
Казните се по 20 евра, а, како што пренесоа дел од медиумите, како и за сите граѓани, така и за функционерите, важи правилото дека ако ја платат казната во рок од една недела, ќе им се намали на 10 евра.