САД објавија повеќе од 4.000 смртни случаи од коронавирус во еден ден за првпат, соборувајќи негативен рекорд од претходниот ден.
Во претходните 24 часа во САД починаа 4.085 заразени со вирусот корона, а беа регистрирани околу 275.000 нови инфекции, објави Универзитетот Џонсон Хопкинс.
Вчера беше објавено дека ден претходно биле регистрирани 3.865 смртни случаи од коронавирус, што е најголем број од почетокот на епидемијата.
Епидемиолошката состојба во САД дополнително се влоши по семејните собири и патувањата за време на празниците и поминато повеќе време во затворени простории поради зимата.
Скок на бројот на заразени и мртви е забележан во сојузните држави Калифорнија, Аризона, Тексас и Флорида.
Повеќе од 1,9 милиони луѓе починаа од коронавирус ширум светот, вклучително и повеќе од 365 000 во САД.