„Имаме снимки против Трамп“

од Vladimir Zorba
487 прегледи

Напорите на Демократите да го отповикаат американскиот претседател Доналд Трамп добија интензитет за време на викендот.

Сепак, сè уште не е познато дали доволно републиканци ќе го поддржат овој потег неколку дена пред крајот на неговиот мандат, пренесува Ројтерс.

„Демократите во Претставничкиот дом планираат да изнесат обвинувања во понеделник за да го отповикаат претседателот откако Трамп ги поттикна неговите приврзаници да го нападнат Капитол во средата“, објави демократот Тед Ли на Твитер.

Демократот од Калифорнија, кој помогна во изготвувањето на обвинението, рече дека 190 пратеници ги дале своите потписи.

Ниту еден републиканец не го сторил тоа до саботата попладне, рече портпаролката на Ли.

„Имаме снимки од говори во кои Трамп ја поттикнува толпата. Имаме снимки од толпата како насилно го напаѓа Капитол“, рече Ли во изјавата.

Трамп прво ги пофали своите приврзаници во Капитол, а подоцна објави видео во кое го осудува нивното насилство и ги повикува да си одат дома.

Пет лица, вклучително и полицаец што го чуваше Капитол, беа убиени во немирите во средата, а десетици се обвинети за напад на Капитол.