Полиција на секој чекор: Скопјани возат брзо и без возачки

од Берта Китинска
356 прегледи

Министерството за внатрешни работи продолжува со акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 28 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, девет за користење на мобилен телефон и осум мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Од МВР велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични содржини