500
Александар Даштевски, инаку поранешен претседател на Комисијата за антидискриминација, се смета себеси за човек со чие искуство следува и позицијата претседател на Државната изборна комисија.
Во својата изјава за А1он, тој вели дека Никола Груевски е дискриминиран од судијката, Добрила Кацарска. Поважна е според Даштевски, биографијата на Груевски, а потенцира и дека нема простор за зборување кога станува збор за одлуката со која Груевски е прогласен за дискриминиран, иако истиот тој документ му послужил да добие азил во Унгарија каде е тој се уште.
Меѓудругото, посочи дека тој е предложен од опозицијата, од каде по објавениот конкурс, ги поднел своите документи.