Во две општини ќе се повтори целата изборна постапка

од Nikola Popovski
470 прегледи

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски вечерва соопшти дека во две општини ќе се повтори првиот круг од изборите.

-Во две општини, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, поради неисполнување на законскиот услов на 1/3 од запишаните гласачи да излезат на гласање, ќе се повтори целата изборна постапка член 132 став 2 од Изборниот Законик, информира Даштевски.

Тој вечерва ги соопштува првичните резултати врз основа на податоците од записниците на општинските изборни комисии и Изборната комисија на Град Скопје.

Слични содржини