Раста итно опериран во Србија, не можел да стои на нозе

од Vladimir Zorba

Српскиот рапер Стефан Ѓуриќ, познат како Раста, бил итно примен во болница откако не можел да застане на нозе, а потоа бил опериран, јавуваат српските медиуми.

„Се работи за ‘рбетот, проблем со ‘рбетот. Не можел да застане на нозе, веднаш бил хоспитализиран во придружба на девојка. Итно се направени анализи и прегледи, по што лекарите одлучиле дека е неопходна операција“, изјави извор за Телеграф.рс.

Пред операцијата Раста се огласи на Инстаграм.

„Ви благодарам на сите за вашата бескрајна поддршка и помош. За жал, понекогаш само во вакви ситуации сфаќате кого имате покрај себе, а јас ги имам најубавите луѓе досега и ви благодарам за тоа. Се надевам на брзо закрепнување и дружењето на досега закажаните места, и оние безобразните и без разбирање, им го посакувам истото што ми се случи и на мене, и дај Боже никогаш да не присуствуваат на мој настап, бидејќи тоа не е моја публика“, напиша тој.

Слични содржини