336
Светската здравствена организација се надева дека ќе може да започне вакцинација против ковид-19 во сиромашните земји во февруари преку својата програма КОВАКС, изјави денес високиот советник на СЗО, Брус Ајлвард.
„Над 40 држави сега започнаа со вакцинацијата против ковид-19. Меѓутоа, сите тие вакцини или скоро сите досега биле во земји со висок и среден приход“, рече Ајлвард, пренесува „Ројтерс“.
Тој истакна дека вакцините мора да се даваат во земји со низок и помал среден приход.
Додаде дека вакцинацијата може да започне во февруари преку програмата КОВАКС и додаде дека ќе стори се за да започне вакцинацијата во некои сиромашни земји и овој месец.