Американски полицаец од Капитол стана херој откако ја блокираше толпата од салата на Сенатот со свои раце за време на насилните немири минатата недела.
Снимките на еден полицаец, идентификуван како Јуџин Гудман, покажува како тој оди пред демонстрантите додека брзаат по скалите. Тој успеа да ги спречи да поминат и да ги избрка во спротивна насока.
Видеото објавено од репортерот на „Хафингтон пост“ Игор Бобиќ, покажува како полицаец и се спротивставува на толпата. Она за што пишуваат американските медиуми е дека тој е Афроамериканец кој се спротивставил на толпа белци.
Protesters have breached the Capitol. They’re outside the Senate chamber pic.twitter.com/I021tKliUD
— Igor Bobic (@igorbobic) January 6, 2021
Офицерот Гудман беше прославен од Американците како херој кога беше откриено зошто тој всушност се соочи со десните екстремисти кои потоа го бркаа околу Капитол. Имено, Гудман застана меѓу нив во влезот во салата на Сенатот, кој беше отклучен во тој момент.
Очигледно, овој полицаец бил свесен за тоа и затоа намерно ги влечел на другата страна – додека ходникот кон влезот во Сенатот беше лево од него, тој се повлекуваше по скалите десно, кон горниот кат. додека Тајната служба го евакуираше потпретседателот Мајк Пенс.
Trump protesters just broke into Capitol. I have footage coming from outside Senate chamber
— Steven Nelson (@stevennelson10) January 6, 2021