Бучковски: Ќе ги разгледаме предложените коментари од Бугарија и ќе изградиме јасна позиција

од Берта Китинска
394 прегледи

Специјалниот претставник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, вели дека во претстојниот период нашата работна група ќе ги разгледа коментарите од Бугарија за предлог Акцискиот план предложен од македонска страна и ќе се изгради јасна позиција.

„Мојата улога како специјален претставник на Северна Македонија произлегува од напорите на македонската Влада да постигне решение во билатералниот спор со Бугарија и со тоа да се отстранат пречките за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ“, вели Бучковски за МИА.

Тој потенцира дека во тој контекст, секоја негова службена комуникација на релација Скопје – Софија е во функција на предложениот Акциски план од наша страна кој содржи конкретни чекори во делот за поврзување преку Коридорот 8, соработката во образованието, во енергетиката, културата, економијата, информатичкото општество.

„Сето тоа треба да создаде доверба меѓу владите и државите, помеѓу народите меѓу двете држави. Без разлика на интензитетот на мои патувања и средби, очигледен е интересот на двете страни да не се дозволи замрзнување на односите или комуницирање само преку медиуми или преку посредници. Нашата блискост како два народи и две држави со заеднички моменти од минатото и заеднички погледи кон историјата нè упатува и двете страни да преземаме чекори до наоѓање решение, а ваквите работни средби се токму чекор напред кон решение“, вели Бучковски .

Слични содржини