Загрижувачки бројки: ПОВЕЌЕ ОД 92 МИЛИОНИ ЗАРАЗЕНИ

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 92 милиони, покажуваат најновите податоци на страницата worldometers.

Според страницата, досега во светот биле заразени 92.009.713 лица, од кои 1.970.096 починале.

Од почетокот на пандемијата, 65.849.397 луѓе се опоравиле.

Во моментов има 24,19 милиони активни случаи во светот, од кои 99,5 проценти од пациентите се во лесна состојба, додека 0,5 проценти се во критична состојба.

Водечка земја според бројот на пациенти се Соединетите држави, во кои има повеќе од 23 милиони регистрирани случаи од почетокот на пандемијата, по што следат Индија со 10,4 милиони, Бразил 8,1, Русија 3,4 и Велика Британија 3,1 милиони заразени.

Слични содржини