РУСКИ ЕПИДЕМИОЛОГ ТВРДИ: Епидемијата на корона ќе заврши до крајот на летото

од Nikola Popovski
267 прегледи

Епидемијата на вирусот корона во Русија може да заврши на крајот на летото, изјави вирусологот на Рускиот државен истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Виктор Зујев.

-Мислам дека тоа ќе биде практично завршено до крајот на ова лето – рече Зујев за телевизијата „Russia-24“.

Директорката на Руската агенција за здравје на потрошувачи Роспотребнадзор, Ана Попова, вчера изјави дека стапката на инциденца на коронавирусот е пониска за 12% во првите 10 дена од 2021 година, но дека е сè уште рано да се зборува за какво било стабилизирање на ситуацијата, потсети ТАСС.

Во Русија досега се покажале позитивни на 3.425.269 лица за вирусот корона, а досега се опоравиле 2.800.675.

Вкупно 62.273 смртни случаи поврзани со COVID-19 се регистрирани во Русија од почетокот на епидемијата.

Руските власти поставија „жешка линија“ на Интернет за да ја информираат јавноста за епидемиолошката состојба.

Слични содржини