Цеца го сакаше Путин, а сега го љуби Богдан

од Nikola Popovski
398 прегледи

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е фотографирана со своето момче Богдан Срејовиќ, а пред само неколку недели зборуваше за нејзините симпатии кон претседателот на Русија, Владимир Путин.

Имено, Цеца отсекогаш била некој што цели кон високо, а неодамна за шоуто „Магазин внатре“, таа спомена дека има големи симпатии кон Владимир Путин. Вдовицата на Жељко Ражнатовиќ, Аркан, не кажа никому судбоносно „да“ по смртта на нејзиниот сопруг, а како причина за тоа, многумина изјавија дека само тој – претседателот на Русија – може да ги исполни нејзините критериуми.

„Преминувањето“ на Цеца од Путин во Богдан се случи во рекорден временски период, иако, да бидеме искрен, не е исклучено младиот Срејовиќ да има карактеристики како претседателот Путин, токму оние што ги бара Ражнатовиќ, пишуваат српските медиуми.

Моќен, опасен, харизматичен, храбар… се само некои од карактеристиките што ги кажува нашиот народ кога ќе се спомне името на Владимир Путин, а кои епитети Светлана Ражнатовиќ ќе и ги даде на својот драг Богдан, останува да видиме.

Слични содржини