Гужва пред Градска: Од Голф 5 извадиле пиштол на полицајци

924 прегледи

Во моментов има голем број на полициски возила и службеници пред Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Од извори на лице место, се работи за возило марка Голф 5 кое влетало во болницата, а потоа и едно лице извадило пиштол и го вперило во полицијата.

Како што дознаваме, се работи за нерасчистени сметки помеѓу две семејства, по што се случик Обид за убиство прво во населбата Цементара. По инцидентот, рането лице било донесено со возилото во Градската болница.

Се работи на расчистување на случајот.

А.В.

Слични содржини