Во главниот град во овие моменти започна да паѓа снег.
Според прогнозата до крајот на денот во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а во западните делови позначително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне од северозападен правец.
Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. На места ќе провејува снег.
Во недела пак времето ќе биде сончево со умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.
Според мерењата од 16 часот денеска, најмногу снег има на Попова Шапка, 31 сантиметар, а најниска температура од 0 степени во Крива Паланка.