Претседателот Доналд Трамп, кој нареди намалување во ноември, во четвртокот рече дека нивото на воени сили во Авганистан го достигна најниското ниво во последните 19 години, без да наведе за колку војници станува збор.
Минатиот февруари, администрацијата на Трамп постигна договор со талибанците за повлекување на Американците од Авганистан во рок од 18 месеци, по 19 години активност во таа земја. Не е јасно како повлекувањето ќе продолжи до мај 2021 година, по пристигнувањето на администрацијата на новоизбраниот претседател eо Бајден, пишува АП.
Бајден се залагаше за чување на мал број антитерористички сили во Авганистан за да се осигура дека екстремистичките групи како Ал Каеда не се во можност да започнат напади врз Соединетите држави. Во краткото соопштение, Трамп ја посочи долгогодишната желба американската војска целосно да се повлече од Авганистан.
„Јас секогаш ќе бидам посветен на запирање на бесконечни војни“, рече Трамп.
Според законот за одбрана, усвоен од Конгресот пред две недели, на Пентагон му беше забрането да користи пари од буџетот за оваа година или минатата година за да го намали бројот на војската на помалку од 4.000. Трамп стави вето на одлуката, но и Претставничкиот дом и Сенатот гласаа за укинување на претседателското вето.