503
Професорот, Дејан Трајковски од Битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ на својот фејсбук профил објави статистички податоци врзани за Ковид 19, како и препораки, со оглед на Rt вредноста и податоците кои говораат дека сега не е време за олабавување на мерките.
14.01.2021. Дали сме на пат од готово да направиме вересија? Ефективниот репродукционен број Rt веќе со денови стои над единица. Последните дневни бројки, коишто не одговараат на експоненцијално опаѓање, се добиени од голем број на тестирања и како такви имаат голема тежина. Се повеќе изгледа дека луѓето да одат на тестирања поради зголемена потреба, а не само поради одложени тестирања поради празниците и викендите. Со Rt околу единица, па дури минимално и над единица, дефинитивно сме во фаза на стабилен раст, сметано во последните 20 дена. Ефектот од предновогодишните групирања веќе ги гледаме на графиците и тоа не само кај новодијагностицираните, туку и кај починатите (зелената линија на вториот дијаграм започна да оди нагоре).
Официјалниот број на активните случаи (којшто не е многу за верување, бидејќи овој индикатор е расипан од неажурно затворање на случаите) исто така повеќе не се намалува (црвената линија на третиот дијаграм). Многу поточниот реален број на активни случаи (портокаловата линија на третиот дијаграм) засега не оди нагоре, но и тој престана да се спушта, уште еден индикатор дека од намалување преминувавме во стабилен раст на дневните бројки. Конечно, ни бројот на хоспитализираните (сината линија на третиот дијаграм), којшто е во најблиска корелација со реалниот број на активни случаи, исто така речиси престана да се намалува, иако се уште не се зголемува.
Моментално сме на пресвртната точка, а во наредните денови ќе видиме кој пат ќе го фатиме. Продолжувањето на работното време на кафеаните секако ќе го зголеми репродукциониот број Rt најмалку за 0,1, а тоа би било доволно за јазичето на вагата да превагне на страната на забрзувањето. Наместо сега, откако видовме добри резултати во зауздувањето на епидемијата, дополнително да се затегнат мерките и да и се зададе завршен удар на епидемијата, на нашите здравствени власти моменталните бројки веројатно им изгледаат мали, па треба да се зголемат, односно треба да се продолжи со зацртаниот план за остварување колективен имунитет со постепено заразување на целокупната популација. Само, што ако британскиот сој на вирусот влезе во Македонија (ако не е веќе влезен!) па планот тргне на лошо?
Во светски рамки пандемијата се уште не оди во насока на смирување, туку напротив, дневните бројки постојано одат нагоре (дијаграмот на четвртата слика). Понатаму, се зборува и за бразилски сој на вирусот донесен во Јапонија, за кој не е јасно дали може да се сопре со постоечките вакцини (линкот до веста е во коментарите).
Моментот навистина не е добар за попуштање на мерките, без разлика што тоа агресивно го бараат кафанџиите. Подобро властите нека бараат начин за нивно финансиско компензирање до крајот на април, отколку да тргнат по нивниот ум и навистина да направат од готово вересија.
14.01.2021. Дали сме на пат од готово да направиме вересија? Ефективниот репродукционен број Rt веќе со денови стои над…
Posted by Дејан Трајковски on Четврток, 14 јануари 2021