230
Љубчо Нешков, директорот на БГНЕС и новинар кој го правеше интервјуто со премиерот Зоран Заев, смета дека нешто што е „анти“ нема перспектива, без разлика дали е анти-бугарско, анти-македонско или анти-албанско.
„Крајот на таа пропаганда е без перспектива и поради тоа нешто сум апсолутно сигурен дека 2021 година ќе биде година на добрите односи меѓу Софија и Скопје“, вели Нешков за емисијата „Трилинг“.
Според него, никој во Софија не сака да го земе идентитетот, нацијата или јазикот.
„Тоа е лично прашање на секој еден од нас“, изјави новинарот.