Светската здравствена организација не сакаше денес да издаде препорака дека доказот за вакцинација против коронавирус или имунитет треба да биде услов за меѓународно патување.
На панелот на независни експерти, СЗО оцени дека постојат „критички непознати“ дали таквата состојба е ефективна во намалувањето на преносот на инфекцијата, пренесува „Ројтерс“.
Панелот ги повика земјите да ги следат новите видови на вирусот, како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка, за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови.