Конгресменот Питер Мејер, еден од 10-те републиканци кои гласаа за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека тој и некои негови колеги планираат да купат панцири од страв од одмазда.
Како што изјави Мејер за „MSNBC“, тие исто така морале да променат некои од нивните секојдневни навики од страв од насилство.
„Жално е што стигнавме до оваа точка, но очекуваме дека некој дури може да се обиде да нè убие“, рече тој, додавајќи дека не знаат што ќе се случи понатаму.
„Не очекувавме дека Капитол, по повеќе од 200 години, ќе биде прегазен за првпат. И така, опкружени со невиден степен на страв од поделба и омраза, мора да бидеме подготвени за секое сценарио“, рече Мајер.
Мајер претходно изјави дека решил да го поддржи отповикувањето на Трамп затоа што, како што нагласи, претседателот положи заклетва во обид да го минира уставниот процес, како и да понесе одговорност за поттикнување на насилните демонстранции.