Гостиварската полиција, вчеравечер во рамки на полициска акција, приведе три лица кои се теретат за илегална трговија со кокаин
„Во 21.30 часот во Гостивар, вчера од страна на инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишени од слобода се К.М.(30) и К.О.(20) од Гостивар и О.С. (19) од с. Горна Бањица, гостиварско поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“, посочија од МВР.
Имено, при преглед кај К.М. биле пронајдени пет пакувања кокаин, кој сакал да им го продаде на К.О. и С.О. Сите тројца биле приведени во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.