Усвоена Програмата за изградба и реконструкција на основни и средни училишта за 2021 година

од Vladimir Zorba
406 прегледи

На денешната владина седница беа разгледани и усвоени Програмата за изградба и реконструкција на основни училишта и Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година, на предлог на Министерството за образование и наука.

Согласно Програмите се планира распределба на средства за градби и реконструкции, стручно технички надзор во процесот на градежните активности, обезбедување на техничка документација, податоци и услуги од страна на јавни институции и средства за непредвидени работи и вишоци за училишни објекти за основни училишта и средни училишта во рамките на обезбедените средства во Буџетот на Република Северна Македонија за оваа година. За Програмата која се однесува на основните училишта се планираат средства за реализација во вкупен износ од 328.080.000 денари кои меѓу другото се однесуваат и на изградба на нови училишта во с. Батинци, с. Мала Речица, нас. Визбегово, с. Долно Блаце, Општина Чаир-Скопје, како и реконструкција и доградба и надградба на постојни училишни објекти, со техничка и подготвителна документација.

Во однос на Програмата за изградба и реконструкција на средни училишта за 2021 година се планирани средства за реализација во вкупен износ од 19.700.000 денари, кои се распределуваат за реконструкција, доградба и подготовка на стручна документација за повеќе средни училишта во Тетово, Прилеп, Свети Николе, Штип.

Слични содржини