Во очекување на првите дози на вакцини преку Ковакс механизмот што треба да стигнат во февруари, министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на вестите на ТВ Сител, најави дека е подготвен и поставен системот за вакцинација во однос на складирањето, планот на дистрибуција, како и на идентификувањето на критичните групи според приоритет.
Целосно е подготвен системот за вакцинација во однос на складирањето, во однос на планот на дистрибуција, идентификувањето на критичните групи според приоритет. Направен е тој план, тоа се три групи – во првата лекарите, медицинските сестри, здравствените работници кои работат со Ковид пациенти, вработените во лабораториите. Понатаму штитениците на домовите за лица со посебни потреби и најстарите лица од возрасните групи над 70 години кои имаат коморбидитети, рече Филипче.