396
Месут Езил, германски фудбалер со турско потекло, официјално е новиот играч на Фенербахче.
Тој по осум години го напушти Арсенал и во тој период освои три ФА купа.
Главниот проблем за тимот од Лондон беше платата на Езил од 350.000 фунти неделно.
Сега тоа е минато за „топџиите“, откако овој играч потпиша договор со тимот за кој секогаш навивал.
„Возбуден сум затоа што отсекогаш сум бил фан на Фенербахче. Ова не е само остварување на сонот за клубот, туку и за мене. Не можам да го чекам првиот натпревар“, изјави Езил.