Полицијата казни пратеник бидејќи зборувал на мобилен телефон додека возел на патот Куманово-Скопје.
„Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачиле платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје“, соопштија од МВР.
МВР во соопштението упати апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта во Република Северна Македонија.