„Во принцип, познавајќи се себеси и својот карактер, немам интерес да следам чија било комуникација. А и не сум човек кој во своето секојдневие функционира користејќи комјутер. За 9 години колку што бев директор, само неколку пати сум го вклучил компјутерот, да видам што има на интернет, а не да прислушувам. Не ни постои таков доказ”, изјави поранешниот директор наУБК, Сашо Мијалков, отфрлувајќи каква било вмешаност во аферата со прислушувањето и уништувањето на опремата за следење на комуникациите.
Тој на денешното рочиште наведе дека многу било лесно да се прислушува надвор од системите на УБК и дека тука немал одговорност.
Во неговото сведочење тој се бранеше и дека неговите информации се оти системот кој бил уништен не бил во целосна функционалност, како и дека комисијата ги уништила врз основа на стручни анализи, а нагласуваше и дека не бил многу во тек со таа работа.