Бројот на новозаболени со ковид 19 полека се стабилизира, но надлежните предупредуваат дека сепак се уште нема опуштање бидејќи е можна појава на мини пикови. Според податоците на министерството за здравство во овие градови има најголем број на активни случаи, но изминатиов период е забележан пад на новозаразени.
Скопје 38610, активни 7304
Куманово 5018, активни 455
Тетово 4957, активни 468
Прилеп 4468, активни 302
Гостивар 3533, активни 332
Велес 2956, активни 335
Охрид 2652, активни 355
Струмица 2472, активни 385
Кавадарци 2389, активни 395
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88992, бројката на оздравени пациенти е 73777, на починати е 2715, а бројот на активни случаи изнесува 12500.