Преговорите продолжуваат по априлските парламентарни избори во Бугарија

од Берта Китинска
428 прегледи

Разговорите помеѓу Бугарија и С. Македонија ќе продолжат по априлските парламентарни избори во Бугарија.

– Процесот на официјални преговори заврши. Јас верувам дека следува реализација на Акциониот план, а веднаш после изборите во Бугарија да влеземе во разговорите и преговорите на политичките основи, затоа што секогаш пред избори навистина е нерационално и непродуктивно да се преговара за политички теми, изјави  денескаЗоран Заев премиер на РСМ.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за МИА рече дека Акцискиот план, што ние и го понудивме на Бугарија и на кој тие сега одговараат, нема апсолутно никаков момент од идентитетски белези – јазикот и нација, туку само предлагаме сет мерки што би требало да ја „олабават” атмосферата во наредниве месеци.

– Бугарија има предвремени парламентарни избори, веројатно март или април. И во тој предизборен период е многу тешко вие со „ладна” глава, зборувам пред сè за колегите од Софија, да влезете во расправа за прашања за кои претходно и во период во кој немавме избори пред нас не можевме да се договориме од познати причини. Во овој момент ние разговараме за, да ги наречам, не неважни, меѓутоа странични прашања на главниот проблем. Значи, зборуваме за инфраструктура, за образование, за медиуми, за подобро поврзување во различни области, во енергетиката, кои се врзани со главниот проблем, вели Пендаровски.

Слични содржини