Сите забелешки од Факултетот за Филолошки науки е тоа што ние сме за реформи да ние сакам да учествуваме во концепцијата, но не сме за еве јас како декан за интеграција на предмети, односно сме за да се интегрираат цели. Пред се во самата фуснота наведено е предметот општествените науки ќе се редефинира по таа градација тука спаѓаат македонски, англиски јазик…., вели деканот на Филолошкиот факултет Ратко Дуев во Топ Тема на Телма.
-Ставот на факултетот е не за интеграција на предмети туку за интеграција на цели вакви пилот проекти имаме наназад повеќе години проблемот е зошто треба да биде само во целите ставот на филолошкиот факултет е да се интегрираат целите, не предметите, вели Дуев.
Во однос на реформите тој вели дека треба да се почнат од прво одделение, а не од шесто.
-Не е логично вашето дете кое сега е петто одделение да почне со нова програма од шесто, односно овие реформи треба да се спроведат од прво одделение со цел да се видат промените за неколу години, вели Дуев.