Во Словенија, во еден лабораториски примерок е откриен мутиран вид на коронавирус, многу сличен на претходно откриениот во Англија, кој е многу позаразен.
Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна за агенцијата СТА потврди дека нов примерок на коронавирус, многу сличен на новиот вид од Англија, бил пронајден во примерокот од брис од лице кое пристигнало од Англија.
Како што е наведено, деловите од примерокот што досега успеале да ги анализираат совршено одговараат на англискиот сој, но не успеале да ја добијат целата низа геном, па засега не можат целосно да го потврдат тоа, пренесува Танјуг.
Додадено е дека формата на новиот вирус на кој антителата мора да дејствуваат останала иста, и покрај мутациите, за што сведочат случаите од Англија каде не се забележани повторни инфекции со новиот вид кај луѓе кои веќе биле заразени со стариот вирус.
Исто така, беше утврдено дека антителата активирани од првата инфекција штитат и од новиот вид, што значи дека вакцината е исто така ефикасна против новиот вид.