635
И оваа година, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, не пропушти да се нурне во ледената вода и со тоа да го одбележи празникот Богојавление – Водици.
Иако не плива за Светиот крст, 68-годишниот претседател го одбележува празникот и не ја избегнува ледена вода.
Од година во година, претседателот на Русија, без двоумење, влегува во водата без оглед на температурата на водата и воздухот и другите временски услови.
Така беше и оваа година. Путин нурна три пати и се прекрсти.