Вашингтон: Протерани двајца припадници на Националната гарда, биле поврзани со екстремистичка група

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Двајца припадници на Националната гарда се протерани од безбедносната мисија која ќе ја обезбедува инаугурација на избраниот претседател на САД, Џо Бајден.

Американски воен службеник и висок американски разузнавачки службеник изјавија дека е утврдено дека двајцата припадници на Националната гарда се поврзани со екстремистичка десничарска група.

Двајцата службеници дадоа изјава за АП под услов да не бидат именувани поради прописите за медиумите на американското Министерство за одбрана, без да наведат во која екстремистичка група биле членовите на гардата или во која единица служеле.

Слични содржини