Најголем зимски трансфер шок: Легендарниот Холанѓанец се враќа во Бундеслигата за да му помогне на саканиот тим

од Stefanija Kuzmanovska
483 прегледи

Шалке 04, последнопласираната екипа во германската Бундеслига донесе големо засилување во борбата за опстанок, кое изненади многумина.

Директно од Ајакс во Гелзенкирхен се врати Клас-Јан Хунтелар, легендарен холандски „голгетер“ со задача да го спаси клубот од испаѓање во Цвајт.

Хунтелар, кој има 37 години, се уште е во добра форма, а неодамна му донесе победа на клубот од Амстердам во холандскиот шампионат со два гола.

Сепак, оваа зима тој не можеше да ја одбие поканата на тренерот Кристијан Грос, кој се бори да ги спаси сините од преселба во понизок ранг.

Холанѓанецот потпиша договор со Шалке до крајот на сезоната, а клубот од Рур се надева дека може да повтори дел од магијата од сезоната 2011/12 година кога постигна дури 48 погодоци на исто толку натпревари.

Ако постигне третина од тоа, Шалке веројатно ќе преживее …

Хунтелар ќе дебитира за ново-стариот клуб веројатно за време на викендот кога Баерн ќе игра во Гелзенкирхен.

Слични содржини