Земјотрес од 4,4 степени почувствуван во охридско-струшкиот регион

од Nikola Popovski
166 прегледи

Рано утринава околу 4 часот силен земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, ја погоди соседна Албанија близу границата со Македонија. Засега нема информации за посериозни штети или повредени лица.

Според податоците од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил 22 километри западно од Поградец, односно 32 километaр југоисточно од Елбасан на длабочина од само 2 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Македонија, во охридско-струшкиот регион.

Слични содржини