Царовска на состанок со претставници на млади: Унапредувањето на студентскиот и ученичкиот стандард е наш врвен приоритет

од Nikola Popovski
158 прегледи

„Унапредувањето на студентскиот и ученичкиот стандард е наш врвен приоритет, а главен партнер во реализирањето на овие цели ни се младите“, објави министерката за образование, Мила Царовска за состанокот со работната група МЛАДИ-МОН, во која учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци.

Главни теми на дискусијата биле потребата од измените во системот на стипендирање на студентите, нешто на што од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека веќе се работи, како и за начините и можностите за ученичкото организирање, можноста за реализација на општо-корисна работа, како и за воспоставување на служби за бесплатна психолошка помош на високообразовните установи.

Министерката истакнала дека Министерството за образование и наука целосно ја поддржува идејата за ученичко организирање и истото веќе е уредено во Законот за основно образование.

 

Слични содржини