Тренерот на Челси, Френк Лампард изјави дека е загрижен за формата на тимот по поразот од Лестер, петти на последните осум натпревари во Премиер лигата.
Челси синоќа загуби од Лестер со 0: 2 и е на осмото место на табелата, иако беше прв на почетокот на декември.
„Не сакаме да бидеме тука. Загрижен сум. Од формата во која бевме толку брзо дојдовме до формата во која се наоѓаме сега. Дури и со победата против Фулам и уште некои, требаше да бидеме подобри од пет порази на последните осум натпревари“, рече Лампард, пренесе Би-Би-Си.
„Ова е млад тим. Нема да се чувствува убаво. Јас не сум против момците во соблекувалната. Тие ќе ја научат лекцијата“, додаде поранешниот капитен на Челси.
Со победата Лестер се искачи на првото место на табелата во Премиерлигата, а синоќа можеше да победи и поубедливо доколку искористеше уште некоја од бројните шанси.
Лампард рече дека многу од неговите играчи не ги направиле ниту основните работи.
„Бевме победени од подобар тим. Тие истрчаа повеќе од нас, тие изгледаа како тим во форма, а ние изгледавме како тим надвор од форма. Во одредени моменти спиевме. Основно и минимум се трчање, спринт и покривање на теренот, а премногу наши играчи не го направија тоа“, рече Лампард.
На последните осум натпревари во шампионатот, Челси освои седум бода, победи двапати, одигра нерешено и претрпе пет порази.