Царовска на средба со директорите на училиштата: Реформата има една цел, а таа е создавање на образование во интерес на секое дете

од Nikola Popovski
258 прегледи

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група со денешниот состанок на којшто присуствуваа преставници на директорите на основните училишта од секоја општина го продолжуваат широкиот консултативен процес во врска со реформите во основно образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат до крајот на наделата. Утре е закажан состанок со наставниците, а задутре со членови на МАНУ.

Министерката и заменик министерот за образование и наука, Мила Царовска и Арафат Шабани по средбата изјавија дека заклучокот од состанокот е дека концепцијата има широка поддршка од директорите, но дека како од секоја новина така и оваа постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада.

„Директорите на училиштата исто како и наставниците се наш многу важен партнер во имплементацијата на реформските процеси и тие даваат безрезервна поддршка на новата концепција. Реформата има една цел а таа е создавање на образование во интерес на секое дете. Она на што заеднички ќе работиме е спроведување на интензивна обука на наставниците наставниците и подготовка на целиот систем за имплменетација на реформата. Ова е предуслов за воведување на реформата и сигурни сме во следниот период имаме време да се подготвиме добро“, објави Царовска.

Директорите на основните училишта на средбата дадоа поддршка на реформата и посочија дека се подготвени целосно да се посветат на нејзината имплементација во 1 и 4 одделение од идната учебна година.

„ Даваме максимална поддршка на спроведувањето на реформите и активно и посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација. Силно верувам дека успешното спроведување на оваа концепција значи и успешни идни генерации“, рече Миле Младеновиќ директор од ОУ „Димитар Влахов“ во Штип.

Слични содржини