Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун сметаше дека Никола Јокиќ мора да преземе одговорност и да освои повеќе поени.
– Еден ден го заклучив во мојата канцеларија и го претепав со перници полни со лименки сок. Потоа му реков дека мора да освои повеќе поени – рече Мелоун, секако на шега.
Експертот на клупата на Нагетс подоцна стана посериозен.
– Никола е одличен играч. Обезбедува партии на ниво на МВП. Порано имаше еден чувар и понекогаш се фрустрирам што не му дадовме доволно топки. Тој секогаш ќе го земе она што му дозволува одбраната на неговиот противник, пронаоѓа соиграч. Тој е поагресивен, тоа е она што ни треба од него – додаде Мелоун.
Во моментов Денвер Нагетс имаат 7 победи и 7 порази по 14 одиграни натпревари, но мислењето на спортската јавност е дека ќе има и подобри игри во режија на овој тим.