Маж изгоре во пожар, неговата мајка префрлена во болница

од Nikola Popovski
195 прегледи

Според територијалната противпожарна единица – Кочани, рано утринава во пожар што избувнал во куќа во кочанското село Грдовци, едно лице починало, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани. Со брза интервенција, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.

Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани, истакнал дека околу шест часот утрово добиле повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнале пламен во две простории.

„За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница. Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина. Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот“, соопшти Паунов.