Повлечено обвинението за еден од обвинетите во „Монструм“

од Nikola Popovski
344 прегледи

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор за случајот „Монструм“ го повлече обвинението за обвинетиот Сами Љута.

„По анализа на сите докази, утврдиле дека нема докази за вмешаност на Љута во случајот Монструм за петкратното убиство на Смилковското езеро во 2012 година. Истото се покажа и во текот на судењето“, изјави Фетаи.

Таа ги обвини Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Аги Исмаиловиќ за извршување на петкратното убиство, односно за делото тероризам, а Хаки Азири дека им помогнал. Фејзи Азири пак е обвинет дека им помогнал на извршителите да избегаат.

Слични содржини