Ѓоковиќ од балкон раскажал незаборавна анегдота од пред 14 години (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше принуден да поминува 19 часа на ден во хотелско сместување, а новинарите од Аделаида најдоа начин да го интервјуираат.

За едно радио, Новак зборуваше за неговите впечатоци од Аделаида, а се присетил и на некои тинејџерски денови, кога тој имал 18-19 години.

„Одлично е да се биде тука, за прв пат имам ваква радио емисија, на тераса“, се пошегува Новак, кој постојано ја смееше водителската двојка.

Нему му беше покажана голема фотографија од неговите помлади денови, кога победи на турнир во Австралија.

„Се сеќавам на тоа совршено добро затоа што возев автомобил за првпат во животот токму тука некаде околу Аделаида, од спротивната страна, возев пикап во пустината, не знам точно каде. Се сеќавам дека се тресев кога други возила ми доаѓаа во пресрет. Оттогаш имав одлична конекција со Аделаида“, рече Новак.

Тој се сети дека тоа беше пред 14 години.

Слични содржини