Анкета на Галуп: Само 40 проценти од Македонците би се вакцинирале против Ковид-19

од Nikola Popovski
274 прегледи

Анкетата на Галуп Интернационал во С. Македонија покажа дека 49% од испитаниците во Македонија не би се вакцинирале дури и ако има вакцина против коронавирус која е јавно достапна и безбедна по нивното здравје, додека 40% би биле подготвени да бидат боцнати.

Повеќе од половината испитаници во анкетата на Галуп Интернационал во Северна Македонија сметаат дека владата не се справува добро со пандемијата на коронавирусот, а речиси исто толку ја сметаат заканата од вирусот за „претерана“ и истовремено не би се вакцинирале без оглед дали ќе има сигурна и ефикасна вакцина. На прашањето дали владата се справува добро со коронавирусот, 54% отсто од испитаниците одговориле негативно, наспроти 44% од испитаниците кои имаат позитивен став.

Во однос на ограничувањата за патување помеѓу земјите – преовладува позитивен став кај испитаниците каде што 70% од испитаниците се согласуваат со овие рестрикции, 27% не се согласуваат и 3% од испитаниците не дале свој одговор. На прашањето „Дали сметате дека заканата од коронавирусот е претерана?“, граѓаните се поделени во своите мислења: 49% од испитаниците сметаат дека заканата е претерана, исто така, 49% сметаат дека заканата не е претерана, и 2% се со одговор „Не знам“.

Истражувањето на Галуп Интернационал спроведено во 47 земји во светот покажува тренд на благо опаѓање на довербата кон владите во однос на нивното справување со пандемијата, но таа се’ уште е на високо ниво. Паралелно, расте и бројот на оние кои веруваат дека заканата од коронавирусот е претерана. Најголем отпор против вакцините за коронавирусот има во Босна и Херцеговина, Србија, Чешка и други европски земји.

Во РС Македонија истражувањето го спроведе БРИМА со телефонска анкета со репрезентативен примерок од 500 испитаници.

Слични содржини