И покрај падот на бројките нема олабавување

од Берта Китинска
406 прегледи

Првите дози на „Фајзер“  од Србија се очекуваат да пристигнат во наредните денови.Тие ќе се увезат со интервентен увоз, а сите останати вакцини понатаму од истиот производител  ќе ги чекаат измените на Законот за лекови.

„Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба,  бидејќи документите што се даваат за интервентен увоз се сосема доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Треба да бидеме внимателни

„Треба да бидеме внимателни и покрај падот на бројките. И понатаму сме со резерва, а не треба да се заборави дека сега почна и второто полугодие во училиштата“, изјави Филипче .

Тој вели дека во земјава нема регистрација на нова мутација, но тоа не е причина да се олабават мерките за заштита.

Во најскоро време се очекуваат првите вакцини од „Фајзер

Во најскоро време се очекуваат првите вакцини од „Фајзер“, подготвени сме, имаме услови и изграден систем за имунизација, потенцираше премиерот Заев за „Трилинг“.

Тој додаде дека се очекуваат првите 2.000-3.000 вакцини, од договорените 8.000 дози од српска страна, да стигнат во најскоро време.

-Северна Македонија е целосно подготвена со обезбедени ладилници за вакцините и веќе е изграден системот за вакцинација и тоа ќе бидат прво медицинските работници од КОВИД болниците, останатиот медицински персонал, хронично болните и возрасните луѓе, изјави Заев.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90124, бројката на оздравени пациенти е 76045, на починати е 2768, а бројот на активни случаи изнесува 11311.

Слични содржини